Тејт повторно шокира: Не можам да дишам, кожата ми гори. Некој ме отру…

од Vladimir Zorba

Инфлуенсерот Ендру Тејт (36) објави видео на кое тврди дека бил отруен и дека неговото здравје рапидно се влошува. За да биде што поубедлив, ги снимил деловите од телото кои реагираат на наводното труење.

– Потечено лице. Мојот крвен притисок вртоглаво расте. Кожата ми гори. Не можам да дишам. Имам тешка реакција или труење. Денеска пиев само кафе и вода – напиша Тејт и објави видео на кое се гледа каде има осип.

Неговите обожаватели заклучиja дека тоа сигурно е труење затоа што „не е алергичен“ и затоа што „вакви работи никогаш не му се случиле“.

Тејт го избриша видеото само неколку часа подоцна и објасни како тоа едноставно мора да се случи.

– Ако ви ја кажам вистината, повторно ќе ме стават во затвор – напиша Тејт.

После тоа, неговите истомисленици повторно почнаа да создаваат разни теории на заговор, но Ендру потоа одговори со нов твит. Го објави постерот на филмот на Стивен Сигал „Hard to Kill“ и со тоа веројатно порача дека е добро.

Да потсетиме, Ендрју Тејт и неговиот брат Тристан беа пуштени во домашен притвор. Со нив од затвор беа пуштени и нивните две колешки, Џорџиана Нагел и Луана Раду.

Тие четворица беа уапсени на 29 декември минатата година под обвинение дека основале криминална група која сексуално експлоатирала шест жени.

Инспекторите тврдат дека Тејт, неговиот брат и две Романки ги принудувале жените да изведуваат порнографска содржина, која потоа била дистрибуирана на TikTok и на страницата OnlyFans.

Без разлика на сето тоа, тие сè уште не се обвинети.

Слични содржини