Текстилниот кластер од Свети Николе и Штип се шири

од Берта Китинска

Нови 198 случаи на заразени со ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1382 тестирања.

По Скопје каде се регистрирани 83 нови случаи од вкупно 198 новозаразени во последните 24 часа, втор град по бројот на заразени е Свети Николе каде има 27 заразени со Ковид – 19.

Потоа следува Штип со 21 нов случај, Куманово-12. Во Дебар има 1,  Прилеп-2, Тетово-9, Струга-3, Велес-2, Битола-11, Охрид-3, Гостивар-10, Радовиш-7, Кочани-1, Пробиштип-2, Демир Хисар-3, Кичево -1.

Кластерите во Свети Николе и Штип беа од текстилни фабрики.

Во изминатите 24 часа починале четири луѓе, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица.

Досега во земјата се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3572.

Слични содржини