Тематски форум насловен како „Справување со кризата со (не) доволните ресурси“

Се оддржува тематски форум на кој претставниците на граѓанските организации ќе имаат можност да дискутираат со министерот за здравство Венко Филипче, в.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов и Зоран Дранговски од Македонското здружение на млади правници кој е еден од претставниците на здруженијата и фондациите во Главниот штаб за управување со кризи. Истиот е во организација на Македонскиот центар за меѓународна соработка и Цивика мобилитас.

„Цивика мобилитас иницираше и одржа средба со претставници на граѓанските организации на 30 ноември од која произлегоа заклучоци за потребите на целните групи и препораки за идните активности со кои може да им се излезе во пресрет на граѓаните и на институциите. Целта на овој тематски форум е да се дискутира и договори во кои области и како граѓанските организации можат да им помогнат на институциите во справувањето со пандемијата“, истакнуваат од оваа граѓанска информација.

Инаку, програмата за поддршка на граѓанското општество Цивика мобилитас е поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка, а ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и ФЦГ од Шведска.

Слични содржини