Тен Хаг претставил 5-годишен план на раководството на Јунајтед, има барања за селекција

од Vladimir Zorba

Фаворитот за иден менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хаг на раководството на „црвените ѓаволи“ му претставил детален план со кој во рок од пет години мора да го врати клубот на врвот.

Според „Индипендент“, кој открива детали од неодамнешните интервјуа со Холанѓанецот, Тен Хаг е многу отворен во своето мислење дека верува дека тимот во моментов е далеку од нивото на Лигата на шампионите. Тој навел план за премостување на овој јаз, почнувајќи со драстично подобрување на физичката кондиција на тимот.

Тен Хаг има и свој план за селекција и конкретни трансфер цели. „Индипендент“ тврди дека на оваа листа се наоѓаат и играчи од актуелниот тим на Тен Хаг – Ајакс.

Наспроти информациите од последните денови, изданието забележува дека споменатата долгорочна природа на овој план не го фасцинирала раководството, кое сака многу побрзи резултати. Шефовите беа скептични за трансферите од холандскиот шампионат по тешката адаптација на Мемфис Депај и Дони ван Де Бик. Затоа се уште не може да се каже дека работата сигурно ќе ја добие Тен Хаг, кој останува меѓу фаворитите.

Фабрицио Романо во контекст на темата за избор додава дека Ерик Тен Хаг побарал од раководството да учествува 100% во трансфер стратегијата на клубот, која вклучува влезни и излезни трансфери, како и збор во понудата на нови договори на играчите.

Холанѓанецот сака и секое ново засилување да биде максимално доследно на неговата идеја и стратегија за идниот развој на клубот.

Слични содржини