Тепачка меѓу роднини на Водно

од Nikola Popovski

Скопјани за 1-ви мај биле нападнати од шестмина нивни роднини на паркингот на Средно Водно, извести МВР.

-Во 13.30 часот во Полициската станица Карпош, Ф.Б.(30) од Скопје пријавил дека околу 12.30 часот истиот ден, на паркинг простор на средно Водно, тој и Х.Б.(36) од Скопје биле физички нападнати од нивните роднини Л.К., Т.К., Е.К., А.К., Е.К. и В.К., кои го оштетиле неговото возило „шкода октавиа“ со скопски регистарски ознаки, стои во полицискиот билтен.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини