Тепачка меѓу пет лица во Ѓорче Петров, се употребувале и тешки предмети

од Nikola Popovski

Полицијата информира дека тепачка меѓу пет лица се случила вчера во скопски Ѓорче Петров. Лица на возраст од 19 до 51 година, се степале, а употребиле и тешки предмети.

„На 19.06.2021 во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.Љ.(27), Б.Љ. (29) и Л.С.(19), од една страна, и К.Н.(45) и З.Н.(51), од друга страна, сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети“,
велат од МВР.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини