Терористички напад на автопат во близина на Ерусалим, има жртви – објавени детали

од Stefanija Kuzmanovska

Едно лице загина, а 11 се ранети утрово во терористички напад на автопат на периферијата на Ерусалим, соопшти полицијата.

Во престрелката е убиен маж на 20-годишна возраст, а 23-годишна жена е во тешка состојба, соопштија медицинските власти. Тие додале дека сите повредени се пренесени во болниците во Ерусалим.

Полицијата соопшти дека двајца од вооружените лица биле убиени од безбедносните сили на самото место, а третиот набрзо бил „неутрализиран“ по полициските претреси во областа, објави „Тајмс оф Израел“.

Полицијата соопшти дека тројца палестински вооружени напаѓачи отвориле оган врз Израелците кои чекале во сообраќајна линија неколку стотини метри од контролниот пункт Ал Заајем во близина на Ерусалим и окупираниот град Маал Адуним на Западниот Брег.

На фотографиите објавени од полицијата се гледа дека тројцата Палестинци, жители на областа Витлеем, биле вооружени со автомати, импровизирани автомати и граната. Израелската безбедносна агенција Шин Бет ги идентификуваше напаѓачите како Мухамед Завахр (26), неговиот брат Катем Завахр (31) и Ахмед ал Вахш (31).

Слични содржини