Тешко повредена малолетничка: Жител на Тетово ја удрил со „голф“

од Stefanija Kuzmanovska

Вчера околу 15.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат Скопје-Тетово, во с.Групчин, тетовско, патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Н.И.(29) од с. Ларце, тетовско, удрил во малолетен пешак од Тетово.

„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Клиничка болница Тетово“, соопштуваат од МВР.

По овластување на јавен обвинител, увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

Слични содржини