Тие го победија коронавирусот, со денови нема новозаразени!

од Aleksandar Petrovski

На 3 март годинава, епидемијата на коронавирус започна и на Фарските острови. Дури и два месеци подоцна, престана ширењето на новиот вирус. Стапката на закрепнување е 95 проценти – никој не почина.

Овој народ на архипелагот, во близина на Данска и Гренланд, има 52,337 жители. Помеѓу 3 март и денес, тие имаа само 187 заразени. Се опоравија 178 лица. Никој не заврши во болницата и никој не почина.

Која е тајната?

„Раната интервенција“, вели Кристина Хафос, член на тамошниот парламент и поранешен министер за финансии.

Посочува дека Фарските острови вовеле карантин 10 дена по првиот случај и започнале со интензивно тестирање.

„Колку повеќе тестиравме, толку повеќе знаевме, толку повеќе откривавме – и така станавме помудри“, истакна таа.
Таа додаде дека благодарение на тестирањето, ги нашле сите позитивни случаи, ги сместиле во карантин, како и сите луѓе што биле во контакт со нив. Во еден момент, околу 1,3 проценти од населението било ставено во карантин. Ова, истакна Хафос, ќе испадне дека е многу паметен потег. После ова, повеќето луѓе кои добиле позитивен тест биле оние кои веќе биле во карантин.

Од 6 април, беа пријавени само три случаи – сите биле надвор од Фарските острови и биле ставени во карантин. Од 22 април не е забележан ниту еден случај!

Од деветте сè уште активни случаи, седум се опоравиле целосно, но нивните тестови остануваат позитивни.

Инаку, мерките на Фарските острови изгледаа вака – сите што доаѓаа од странство одеа во карантин две недели, затворени училишта, ресторани и други продавници, а сите што можеа да работат од дома (владата им исплаќаше плати на работниците на фирмите што мораа да бидат затворени) .

За осум дена, некои бизниси се отвораат – но сè е направено со голема претпазливост. Исто така, треба да се потенцира дека населението на овие острови прилично сериозно се придржува кон сите упатства на властите.

Досега е тестирано 12 проценти од населението, а властите планираат да тестираат сè за да видат кој го имал вирусот.

Слични содржини