„Тоа е нашата единствена желба за Божиќ“: Украина со посебно барање до Западот

од Stefanija Kuzmanovska

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина, Андриј Мељник, во понеделникот побара западни борбени авиони, воени бродови и тенкови, по ветувањето на САД дека ќе испратат противракетни системи „Патриот“ во Украина.

Украина е многу благодарна за „храбрите нови потези“ на САД, рече Мељник.

„Но, познато е дека се уште има табуа кои треба да се скршат. Итно ни се потребни западни тенкови, борбени авиони, воени бродови, повеќецевни ракетни фрлачи, муниција.

Ова е нашата единствена желба за Божиќ. Во спротивно, војната ќе предизвика уште повеќе страдања, смрт и уништување на Украина“, додаде Мељник.

Тој оцени дека рускиот претседател Владимир Путин ја подготвува својата војска и граѓаните за долготрајна војна и ги мобилизира сите расположливи ресурси.

„Украинците се подготвени да се борат за ослободување на својата татковина, вклучувајќи го и Крим, до последниот здив. Тоа е сигурно, без разлика што ќе направат нашите сојузници“, посочи тој.

Мељник одби да преговара со Русија и наводната желба на Кремљ за преговори ја нарече „целосен блеф“.

Тој категорично ја отфрли можноста Украина да се откаже од кој било дел од својата територија.

„Киев смета дека тоа е неприфатливо. Тоа нема да се случи“, заклучи Мељник.

Слични содржини