Тодоров: Заев ќе направи голема грешка ако не отвори преговори со Бугарија

Зоран Заев ќе погреши и ќе ги олади односите со Бугарија, доколку не замине да преговара, ова е оценката на екс министерот за здравство, Никола Тодоров која ја кажа на гостувањето во „Студио 10“.

Поранешниот министер, Тодоров, смета дека премиерот Заев треба да замине во Бугарија и да почне преговори. Тој како што вели Тодоров, има обврска да не направи штета, со оглед на тоа дека ако не замине Заев според него ќе не доведе во ситуација да не сме она што сме.

Инаку, познато е дека Тодоров не се согласува со политиката која ја води моменталното раководство на ВМРО ДПМНЕ на чело со претседателот, Христијан Мицкоски, иако кога тој беше дел од владиниот кабинет, беше дел од тимот предводен од Никола Груевски.

„Јас не го мразам Мицкоски. Но, додека Мицкоски го води ВМРО-ДПМНЕ, не може да победат. Тоа го говорам долг период наназад. Тој мене ме прогласи на предавник и подготвен сум да седнам на полираф со него“, вели Тодоров.

Меѓудругото, на прашањето дали би се кандидирал за нов претседател на партијата, Тодоров одговори кратко:

„Доколку има фер конгрес, во кој ќе има голем број на делегати, тогаш би размислил. Но сега, во вакви моменти во кои е партијата, воопшто не би размислувал. Сериозно е расклатена столицата на Мицкоски поради неговите политики“, заклучи Тодоров.

Слични содржини