Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон се заразени со коронавирусот и моментално се наоѓаат во изолација во Австралија, а актерот на социјалните мрежи открива како им поминуваат деновите.

 

На познатиот пар поддршка им пристигнува од сите страни на светот, а тие покажаа дека не го губат ведриот дух и оптимизмот, како и дека се придржуваат до сите упатства и совети на лекарите.

Том Хенкс сега на својот Инстаграм објави фототграфија од еден оброк, а покрај тоа апелираше дека сите треба максимално да се грижат како за себе, така и за другите.

„Фала на помошниците. Ајде сите да се погрижиме за себе и за другите“, напишал Хенкс покрај фотографијата на која се гледа дека јаде препечен леб и џем.

Слични содржини