Томиќ до судијата: Лошо ми е, ќе бидам позитивен, никој не тестира

од Vladimir Zorba

Австралискиот тенисер Бернард Томиќ загуби од Роман Сафијулин со 6:1, 6:4 во првото коло од квалификациите за Австралија опен, а по мечот изјави дека се чувствува лошо и мислел дека има коронавирус.

Сепак, како што вели, не можел да провери бидејќи немало тестови.

„Сигурен сум дека ќе бидам позитивен во следните два дена, тоа ви го кажувам“, му порача Томиќ на судијата за време на натпреварот.

„Не ми се верува дека никој не се тестира, дозволуваат играчите да излезат на терен со брзи тестови направени во нивните соби. Нема официјално ПЦР тестирање“, додаде тој.

29-годишниот Австралиец подоцна се огласи на Инстаграм.

„Се чувствувам навистина лошо, во хотелска соба сум. Разговарав со лекарите на терен и тие ме замолија да се изолирам. Сè уште не можеа да ме третираат за да избегнат контакт“, напиша Томиќ и им се заблагодари на сите за поддршката.

Слични содржини