Трајанов: Лицата кои ќе бидат вклучени во пописот треба да се вакцинираат

од Берта Китинска

Претседателот на Демократскиот сојуз Павле Трајанов во вечерашното гостување во 24 Анализа го коментираше законот за попис.

-Политичките партии во земјава само за едно се согласни, а тоа е дека мора да има  попис. Она за кое сугерираме е дека мора да се одвојат лицата кои подолго не живеат во земјава, ова не е утврдено со новиот закон, но речено е дека ќе биде вградено во методологијата. Јас предлагам директорот на Заводот на статистика да ги повика експертите од сите политички партии и она што е пропуштено да се вгради во методологијата. Воедно сметам дека попишувачите треба  да бидат вакцинирани ако не се вакцинираат тие си го загрозуваат како своето здравјето, така и на граѓаните ова прашање треба да се реши, вели Трајанов.

Слични содржини