Трајанов: Време е да престанеме да работиме по диктат на ДУИ

Во рамки на своето гостување во „Собраниски брифинг“, пратеникот и лидер на Демократски сојуз, Павле Трајанов, посочи дека еднопартискиот систем би донел поволни услови и во Парламентот, но и ќе влијаат на функционирањето на системот во земјава.

„Политичките партии, мнозинството впрочем го поддржува предлогот за една изборна единица. Мислам дека расправата ќе покаже, колку се искрени големите партии, односно ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Ниедна партија со ова нема да загуби и ќе биде објективен пристап, но ќе донесе услови и за повеќе партии во парламентот. Ние доста работиме по диктат на ДУИ во последните две децении. Но, мора да се направат промени во изборниот законик, бидејќи најголемиот дел секогаш припаѓа на најголемите партии. Не може да имаат предност најголемите партии со 4 минути реклами, додека останатите да немаат ист третман и во тој случај ќе се создадат услови за фер политички натпревар“, истакна Трајанов.

Слични содржини