Трамп ги повика поддржувачите на Хејли да го поддржат на изборите во ноември: „Бајден е наш непријател“

од Vladimir Zorba

Доналд Трамп, републиканскиот кандидат за претседател на САД, денеска ги повика сите приврзаници на Ники Хејли, која претходно ја прекина кампањата, да го поддржат на ноемвриските избори.

„Би сакал да ги поканам сите поддржувачи на Хејли да се приклучат на најголемото движење во историјата на нашата нација. Бајден е непријател. Тој ја уништува нашата земја“, сподели Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.

Тој изјави дека Хејли била „претепана“ на синоќешните внатрепартиски избори што се одржале во 15 сојузни држави, додавајќи дека Хејли била финансирана од „радикални леви демократи“.

Слични содржини