Трамп: Јас сум единствениот републиканец кој може да победи на претседателските избори

од Radmila Tasevska

На претставувањето на потенцијалните републикански кандидати во следната трка за Белата куќа, што се одржа во Ајова, поранешниот претседател Доналд Трамп изјави дека тој е единствениот републиканец кој може да победи на изборите во 2024 година.

Потенцијалните републикански претседателски кандидати во Ајова за првпат ја поделија сцената во кампањата за републиканска претседателска номинација на следните избори.

Главните републикански ривали – Доналд Трамп и Рон ДеСантис – им се обратија на поддржувачите собрани во Ајова со уште 11 други потенцијални кандидати, а секој од кандидатите доби 10 минути да зборува.

Анкетите на јавното мислење покажуваат дека Трамп е пред неговите ривали, иако неговите правни проблеми се зголемуваат.

Анкетата спроведена од агенцијата за испитување на јавното мислење FiveThirtyEight покажува дека Трамп ужива поддршка од 52,4 отсто од републиканскиот електорат, а неговиот најсериозен ривал, гувернерот на Флорида Де Сантис, има 15,5 отсто, додека сите други кандидати се под 10 отсто.

Трамп наскоро би можел да биде обвинет во Вашингтон за наводни напори за поништување на резултатите од изборите во 2020 година, но тој ги отфрли сите обвиненија и претходно изјави дека ќе се кандидира за Белата куќа дури и ако биде осуден.

Слични содржини