Трамп нема имунитет, оди на судење за сексуален напад

од Nikola Popovski

По денешната одлука на Високиот суд во Њујорк, поранешниот американски претседател Доналд Трамп може да биде повикан да сведочи под заклетва во случајот во кој е обвинет за сексуален напад врз Самер Зервос, поранешен учесник во реалното шоу „Шегрт“.

Минатата година Трамп се повика на претседателски имунитет во доказната постапка по тужбата на Самер Зервос, но судот во Њујорк денес оцени дека Трамп сега може да сведочи, имајќи предвид дека тој повеќе не ја извршува должноста претседател, објавил АП.

Адвокатскиот тим на Зервос побара судот да ја поништи одлуката за жалбата за изземање на тогашниот претседател на САД и постапката да се врати во пониска судска инстанца, во претходната истражна постапка, што може да резултира со повик на судот до Трамп да сведочи под заклетва, но и лично да ѝ поставува прашања на тужителката.

Адвокатите на Зервос тврдат дека адвокатскиот тим на Трамп не се спротивставил на поништување на минатогодишната одлука на апелациониот суд за прифаќање и активирање на претседателскиот имунитет.

Слични содржини