Трамп повторно високите бројки на заразени ги правда со тестирање

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот на САД, Доналд Трамп уште еднаш го поздрави американското тестирање на Ковид19 во време кога земјата вчера бележеше рекордни повеќе од 55.000 новозаразени, што е нов светски рекорд за дневно ширење на пандемијата, пренесе „Н1“.

Новиот пораст на ширењето на заразата во САД минатата недела го стави под лупа управувањето со кризата на Трамп и ги натера неколку федерални гувернери да ги стопираат плановите за отворање на нивните држави по строгите мерки за карантин.

„Има пораст на нови случаи на зараза со коронавирус, бидејќи нашето тестирање е толку масивно и толку добро, далеку поголемо и подобро отколку во која било друга земја“, рече американскиот претседател во твитот објавен доцна синоќа.

„Исто така, има големи вести, но уште подобра е веста дека опаѓа бројот на починати“, додаде тој.

Соединетите држави сега бележат скоро 129.999 смртни случаи од коронавирус, скоро една четвртина од смртните случаи во светот.

 

Слични содржини