Тренчевска до ВМРО-ДПМНЕ: Изградени се 69 градинки за пет години, за разлика од вашите 33 кои ги нема никаде

од Nikola Popovski

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска изјави дека 69 градинки се изградени и отворени од 2017 година досега.

-За разлика од вашите 33 градинки од отчетот за 100 дена локална самоуправа, а ги нема никаде. Секоја чест. Вистината е очигледна и кај нас е. Одите по градоите и населените места и ќе ги видите со дечињата внатре. Листата на чекање е скратена и во моментов се градат 28 нови градинки. Тие се градат врз податоци и проекти на единиците на локалните самоуправи, ѝ одговори Тренчевска на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Лидија Петковска, која постави прашање.

Тренчевска потенцира дека од 2017 година има 2385 вработувања во градинките како негувателки.

-Во однос на вкупната сума буџетски средства, во писмен формат ќе ви ја доставам во текот на утрешниот ден, додаде Тренчевска во своето излегување пред говорницата од собраниската сала.

Слични содржини