Трет бран се шири: Освен во Скопје, состојбата е аларманта во уште неколку града

од Берта Китинска

Во неколку градови во Македонија е забележан висок број на  активни случаи, а во Скопје и Прилеп ситуацијата е алармантна.

Скопје 58218, активни 9654

Прилеп 7061, активни 1078

Куманово 6860, активни 870

Тетово 6329, активни 611

Велес 4486, активни 696

Кавадарци 4451, активни 721

Битола 4419, активни 745

Гостивар 4548, активни 489

Охрид 4130, активни 750

Според надлежните иако се наоѓаме во третиот бран на пандемијата, нема потреба од воведување на нови мерки бидејќи вирусот е раширен и истите не би дале ефект.

-Ние веќе подолго време имаме балансирани мерки, изминатиов период имаме рестрикциите кои се умерени каде ги намаливме  контактите кај младите за кои се утврди дека се пренесувачи  на вирусот.Во моментов кога имате висока трансмисија на вирусот може да дадат резултат само балансирани мерки како овие што се досега, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 130.022, бројката на оздравени пациенти е 106.979, на починати е 3.781, а бројот на активни случаи изнесува 19.262.

Слични содржини