Три години по насилниот упад во Собранието

од Берта Китинска

Поминаа три години по насилниот упад во Собранието, кое се случи на 27 април .

Нападот во Собранието се случи додека актуелното владејачко мнозинство го избра Талат Џафери за нов претседател на Собранието. Неколку недели претходно, поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ поттикнати од говорот на омраза на Никола Груевски – претседателот на партијата, протестираа пред Законодавниот дом, за да искажат незадоволство поради формирањето на новата владина коалиција.

Народот пред Собрание влегуваше во неколку групи, но додека уште траеше прес-конференцијата на новоизбраниот претседател на Собранието Талат Џафери и лидерот на СДСМ, Зоран Заев најголем дел од новинарите беа во салата каде што се одржуваат прес-конференциите на пратениците.

Во ретроспективата на „крвавиот четврток“ на канал „ВИС“ со свои сведоштва излегоа дел од функционерите на СДСМ кои беа нападнати од толпата која упадна во Собранието. Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Благој Бочварски, Оливер Спасовски и други истакнати членови на СДСМ во прво лице откриваат што се случувало во Собранието.

„Во ликовите кои влегоа се гледаше многу жед за крв, а во ликовите на останатите, жед за живот. Го прашав Оливер дали ќе излеземе живи од Собранието, ми рече „Не“. Навистина сметав дека во тој момент ние тешко ќе можеме да се извлечеме од таа просторија, сфатив дека ќе биде тешко“, се само некои од сведочењата.

„ Најпрво десетина лица со качулки и маски на главите насилно влетаа во холот и почнаа да се закануваат на обезбедувањето, да кршат врати и да се туркаат за да влезат во просторијата каде што се наоѓаше лидерот на СДСМ. Лице од обезбедувањето со пиштол се обиде да го заштити просторот околу пратениците и да ги растера демонстрантите. “, раскажуваа новинарите кои во тоа време се нашле пред прес-салата.

Демонстрантите со шипки и столици удираа по пратениците и новинарите. Нападите беа против пратениците од СДСМ, при што лидерот Зоран Заев заврши со раскрвавено чело, а пратениците Максим Димитриески и Дамјан Манчевски имаа видливи повреди на главата.

Најтешко повреден беше пратеникот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, кој имаше отоци на мозокот од повредите и ударите што ги доби од демонстрантите кои го влечеа низ собраниските ходници.

Слични содржини