Три комисиски седници денес во македонското Собрание

Денес во македонското Собрание ќе бидат оддржани три комисии, меѓу кои онаа за одбрана и безбедност, за финансирање и буџер, како и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се измените и дополнувањата на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили и на членовите на нивните семејства, во второ читање, Предлог законот за развој, производство и промет на воени стоки, во прво читање, измените и дополнувањата на законот за странци, измените на Законот за полиција, на Законот за заштита од експлозивни материи, на Законот за складирање и заштита од запални течности и гасови, на Законот за детективска дејност и на Законот за гранична контрола, сите во прво читање.

Членовите на Комисијата за финансирање и буџет пак, ќе одлучуваат за измените на Законот за вршење на услуги брз трансфер на пари, на Законот за задолжница, на Законот за меница, на Законот за фондот за осигурување на депозити и на Законот за лизинг, сите во прво читање. На дневен ред се и измените и дополнувањата на Законот за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА) и измените на Законот за финансиските друштва, во прво читање.

Слични содржини