Три пациентки од Куманово починаа од ковид 19

од Берта Китинска

Денеска беа регистирани 4 починати лица : 3 од Куманово (29г,49г и 74г) и еден од Гостивар (78г), починати во болнички услови.

Дваесет и деветгодишна родилка од Куманово почина од компликации на Ковид-19 на клиника во Скопје. Покрај неа, починаа уште две жени од Куманово, на возраст од 49 и 74 години.

-Најмладата пациентка побараа помош на 29 јули, прво во дневната болница на инфективното одделение поради симптоми на коронавирус. По два дена ѝ било препорачано да остане во болницата.По влошување на лабораториските параметри и клиничката слика и откако самата се пожалила дека не го чувствува бебето, испратена е до ГАК Скопје, изјави директорката на кумановската болница Снежана Захариева.

Слични содржини