Три возила изгореа во Скопје

од Radmila Tasevska

Вчера околу 01:30 часот во Полициското одделение Арачиново било пријавено дека во с.Арачиново настанал пожар во патничко возило „пежо 206“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на М.М..

Исто така вчера малку подоцна во 03:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Сингелиќ, скопско, настанал пожар во патничко возило „пежо“, сопственост на Е.Ј.(27) од с.Сингелиќ и патничко возило „бмв“, сопственост на С.Ј.(31) од с.Сингелиќ.

Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарите биле изгаснати, а повредени лица нема.

Увид бил извршен.

Слични содржини