Трифонов: Најдобро е да го слушнеме гласот на Бугарите во С. Македонија

од Nikola Popovski

Во позадината на целиот разговор со С. Македонија, во кој зборуваат секакви политичари, политиколози, новинари од Бугарија и С. Македонија, најдобро е да се слушне што велат Бугарите кои живеат во Северна Македонија, побара бугарскиот лидер на движењето Има таков народ, Слави Трифонов преку Фејсбук статус.

Тој објави видео на социјалните мрежи од претседателот на ГДУ, Петар Колев и побара „да се слушнат неговите зборови“.

-Бугарин живее во Штип, оженет е со Бугарка од Добрич, има син и ќерка Бугарка. И како и секој Бугарин во Северна Македонија, тој е пред избор – дали да им каже на своите деца дека се Бугари и дека живеат тешко и непријатно во С. Македонија или да не им каже ништо за да им го олесни животот. Почит господине Колев! Само почит до вас, сподели Трифонов.

Слични содржини