Трифонов: Одиме на избори

од Stefanija Kuzmanovska

Утре воопшто нема да предложиме кабинет. Одиме на нови избори. Нема да ги поддржиме ниту партиите од статус кво, ниту „Демократска Бугарија“, ниту „Исправи се БГ. Доаѓаме“. Ова го изјави лидерот на „Има таков народ“ Слави Трифонов, откако „Демократска Бугарија“ објави дека нема да го поддржи кабинетот „Николов“ во парламентот, објави БГНЕС.

Направивме се што е можно, сите компромиси и гестови со т.н „Протестни партии“ за поддршка на владата на „Има таков народ“ како прва политичка сила. Направивме се што е можно за да ги смириме луѓето, да имаме влада и да се среќни протестните партии. Ова не се случи поради нивното однесување и на крајот предавството на „Демократска Бугарија“ и „Исправи се БГ. Доаѓаме“, рече Трифонов.

Според него, постои можност во следните два мандати ДБ и ИБГНИ да дејствуваат „национално одговорно“ и да се соберат заедно со ГЕРБ, БСП и ДПС за да формираат влада и да управуваат заедно, „како што тоа го направија неодамна“. Затоа, ИТН нема да ги поддржи.

„Има таков народ“ ќе го поддржат Румен Радев на претседателските избори, најави уште Слави Трифонов и нагласи дека со нивната поддршка се надева дека ќе освои втор мандат во првиот круг.

Слични содржини