Царовска: Влада посветено работи и има цврста определба на сочувувањето на сеќавањата и вистината за холокаустот

од Vladimir Zorba

Денес одбележуваме 75 години од ослободувањето на најголемиот нацистички концентрационен логор Аушвиц во кој што животот го загубија над 1 милион луѓе, најголемиот број од нив Евреи, пишува на својот ФБ профил вицепремиерката Мила Царовска.

„Одбележувањето на овој ден е прилика да се потсетиме на сите жртви на холокаустот, меѓу нив, и над 7.000 Евреи од Скопје, Битола и Штип кои во март и април 1943 година беа депортирани и убиени во концентациониот логор Треблинка .

Оваа голема трагедија е врежана во нашата колективна меморија и не смееме да дозволиме никогаш повеќе да се повтори.

Токму затоа оваа Влада посветено работи и има цврста определба на сочувувањето на сеќавањата и вистината за холокаустот. Се бори против дискриминација говорот на омраза, расизмот и другите форми на кршење на човековите права“, додава таа.

Слични содржини