Цаца Николовска: Обвинителите од СЈО се обвинети за незаконско земање пари врз основа на шпекулации

од Viktor Jovanov

Поранешната судијка во Стразбур, Маргарита Цаца Николовска во денешната дебата на ТВ24 изјави дека не може врз основа на шпекулации да се носат одлуки дали обвинителите од СЈО треба или не треба да бидат дел од обвинителството за организиран криминал и корупција на Вилма Русковска. Ова се однесува на обвиненијата дека обвинителите од СЈО против законски земале додатоци на плата, но според неа тоа не е докажано и врз основа на шпекулации не може да им се забрани да влезат во ова обвинителство.

-Ако тежнееме кон владеење на правото, не може да си дозволиме да зборуваме за некое незаконито постапување, ако тоа не е утврдено од страна на надлежен орган. Покрај тоа што треба да се утврди дека обвинителите од СЈО земале нешто противзаконско треба да има последици и врз основа на тоа ќе се увиди дали можат да бидат обвинители или не. Паушално не може да се одреди. Време е да се носат конкретни одлуки без да се шпекулира, вели Цаца Николовска.

Во однос на законот за Јавно обвинителство, поранешната судијка вели дека истиот неопходно е да биде донесен.

-Законот за обвинителство се врзува со стандардот владеење на право. Ние имаме проблем со владеењето на правото со наоѓање на високи експерти. Овој закон апсолутно треба да биде донесен, ако ништо друго барем за онаа перцепција дека нешто се сака да се скрие.

Слични содржини