ЦДЦ: Американските граѓани да не патуваат во Грција

од Nikola Popovski

Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) синоќа ги предупредија американските граѓани да не патуваат во Грција, Ирска, Иран, американските Девствени Острови и други дестинации поради зголемениот број случаи на Ковид -19 во нив.

Либија, Казахстан, Андора и Лесото се исто така меѓу земјите на ниво четири од ЦДЦ.

На листата се и Свети Бартоломеј, Мартиник, Малта, Островот Ман и Курасао, наведе институцијата.

Слични содржини