Цената на бензините останува иста, се зголемува цената на мазутот

од Vladimir Zorba

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,13 % во однос на Одлуката од 25.1.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката од 25.01.2021 година.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 0,50 денар/литар и сега ќе изнесува 41,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,168 ден/кг и ќе изнесува 31,436 ден/кг.

Од 2.2.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 61,00 (денари/литар)
* Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 63,00 (денари/литар)
* Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 52,00 (денари/литар)
* Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 41,00 (денари/литар)
* Мазут М-1 НС 31,436 (денари/килограм)

Во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување: бензинот за 0,407%, дизелот за 0,57%, екстра лесното масло за 2,317 %, додека кај мазутот има зголемување од 0,949% .

Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е понизок за 0,152%.

Слични содржини