Циципас ја одбрани титулата во Монте Карло

од Vladimir Zorba

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас денеска ја одбрани титулата на „Мастерс“ турнирот во Монте Карло.

Во финалето, кое траеше час и 36 минути, Циципас го победи Шпанецот Алехандро Давидович Фокина со 2:0 во сетови – 6:3, 7:6 (3).

Циципас и Фокина одиграа одличен натпревар. Публиката уживаше во немилосрдната борба, особено во вториот сет.

Фокина пружи голем отпор, имаше свои шанси, но не ги искористи.

По подобрата игра во првиот сет, Гркот се реши во своја корист во тај-брејкот и сосема заслужено стигна до новата титула во Монте Карло.

Слични содржини