Црна Гора бара вакцини од ЕУ

од Берта Китинска

Пред самитот на лидерите на ЕУ што ќе се одржи на 21 јануари, црногорскиот министер за надворешни работи Ѓорѓе Радуловиќ испрати писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел и европскиот комесар за проширување Оливер Вархели. Тој ја нагласува важноста од набавка на одредени дози на вакцини за Црна Гора.

Министерот Радуловиќ се заблагодари за помошта што досега ја дадоа ЕУ и нејзините членки на Црна Гора од избувнувањето на епидемијата на почетокот на 2020 година. Во писмото до највисоките претставници на ЕК, министерот Радуловиќ посочи дека дистрибуцијата на вакцини во Црна Гора ќе биде уште позначајна со оглед на тоа има околу 600.000 жители и таа вакцинација не е започната, иако, како што е наведено во Министерството за надворешни работи, подготвени се планови и стратегии.

Слични содржини