Црна Гора воведува построги мерки, драстично зголемен бројот на смртни случаи од коронавирус

од Берта Китинска

Во некои црногорски градови се воведени построги мерки заради влошување на епидемиолошката состојба.

Во последната недела 61 лице почина од последиците на вирусот. Тоа е скоро двојно повеќе отколку за Нова година, кога за една недела починаа 21 лице, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје.

Од утре нови мерки ќе важат  за Херцег Нови ,Будва и Тиват, освен во делот што се однесува на напуштање на територијата на општината во работни денови, а во Тузи, Даниловград и Бар ќе бидат затворени угостителските објекти.

Меѓуградскиот сообраќај за време на викендите е забранет низ цела Црна Гора.

Забраната за работа со угостителски објекти во Подгорица, Цетиње, Никшиќ, Херцег Нови, Улцињ и Котор исто така останува во сила.

Директорот на Институтот за јавно здравје, Игор Галиќ, на прес-конференцијата рече дека од утре ќе биде потребен ПЦР-тест за оние кои доаѓаат во Луксембург, Боцвана, Сан Марино, Словачка и Бугарија.

Слични содржини