Црна ковид статистика: 23 лица починаа од Ковид – 19

од desk4

Од пријавените 23 лица, 20 се починати во болнички услови, а 3 лица се починати во домашни услови.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 4.015 тестирања, а регистрирани се 365 нови случаи на ковид. Пријавени се 23 починати лица.

Скопје има 183, Охрид 24, Штип 20, Струмица 19, Куманово 15, Прилеп 14, Тетово и Велес по 13, Битола и Кавадарци по 11, Свети Николе 7, Кочани, Гевгелија и Ресен по 5, Кичево 4, Крива Паланка 3, Гостивар, Струга, Радовиш и Пробиштип по 2, Неготино, Делчево, Виница, Кратово и Македонски Брод по 1.

Регистрирани сe 551 оздравен пациент од: Скопје – 212, Тетово – 53, Куманово и Гостивар – по 46, Кичево – 38, Струга – 25, Охрид – 19, Битола – 13, Прилеп и Кавадарци – по 12,Струмица, Штип и Свети Николе – по 9, Кочани – 8, Велес, Ресен и Дебар – по 5, Крива Паланка, Виница, Пробиштип, Валандово и Кратово – по 3, Неготино, Берово, Македонски Брод и Пехчево – по 2, Гевгелија и Богданци – по 1.

Слични содржини