Црногорската полиција за масакрот во Цетиње: 11 загинати и шестмина повредени

од Берта Китинска

Во цетинската населба Медовина, во близина на Владата, загинаа 11 лица, а шестмина се повредени, меѓу кои и припадник на полицијата, потврдија од Јавната служба на Црна Гора од Полициската управа.

Како што пренесува Телеграф.рс, меѓу 11-те убиени има четири деца.

Според информациите во медиумите на трагедијата и претходел семеен конфликт, по што напаѓачот по случаен избор пукал во случајни минувачи на улица. Напаѓачот пукал и кон полицијата, а во таа пресметка и тој бил убиен.

Извршител на злочинот е Вучко Бориловиќ (34 г.) од Цетиње.

Слични содржини