Турција ги затвора границите со Бугарија и Грција

од Aleksandar Petrovski

Турција ги затвори граничните премини со Бугарија и Грција за преминување на патници, како мерка за борба против ширењето на корона вирусот, јави турскиот телевизиски канал НТВ. Нема забрана за превоз на товар преку гранични премини.

Запрен е поморскиот превоз на патници во двата правци меѓу Турција и копното на Грција и грчките острови.

Почнувајќи од денеска во 00,00 часот, нема да биде дозволен влез на грчки и бугарски граѓани кои сакаат да влезат во Турција, како и државјани на трети земји кои престојувале во овие земји во последните 14 дена.

Слични содржини