Турција го потврди првиот случај на заразен со новиот коронавирус

од Aleksandar Petrovski

Првиот случај на заболен од новиот коронавирус е потврден во Турција. Станува збор за човек кој се вратил од Европа, изјави министерот за здравство Фахретин Коџа.

Тој не даде повеќе детали за пациентот ниту откри од која земја допатувал за да ја заштити неговата приватност.

Коџа рече дека пациентот е во изолација и дека членовите на неговото семејство и другите луѓе кои биле во контакт со него се во карантин.

Слични содржини