Уапсени 2 лица поврзани со акцијата на Кујтим Фејзулаи во Виена

од Vladimir Zorba

Двајца исламисти кои беа уапсени во Швајцарија по терористичкиот напад во Виена на 2 ноември се осомничени дека биле соучесници или барем знаеле за планираната акција на терористот Кујтим Фејзулаи, кој уби четири и рани повеќе од 20 лица во австриската престолнина.

Станува збор за двајца мажи од Винтертур, на возраст од 25 и 18 години, кои подолго време се дел од швајцарската исламистичка сцена.

Докажано е дека тие минатата година отпатувале за Виена, каде се сретнале со терористот Фејзулаи и дека дури и ја поминале ноќта во неговиот стан.

Откако неговите гости се вратија во Швајцарија, Фејзулаи се обидел во Словачка, без успех, да купи муниција за неговата автоматска пушка.

Постои сомневање дека Фејзулаи го добил тоа оружје од соучесник од Швајцарија.

За двајцата мажи има и докази, односно фотографија од планот на Виена, на која се обележани местата за подоцнежно злосторство во центарот на градот.

Веднаш по терористичкиот напад, австриската полиција започна потрага по можни соучесници, но по неколку недели, дошле до заклучок дека Фејзулаи дејствувал сам.

Сепак, се претпоставува дека имало луѓе од исламистичката сцена, во која се движел, кои знаеле за неговите намери, можеби и такви кои го охрабрувале на тоа.

Слични содржини