Украина: Расте бројот на загинати во рускиот напад во Доњецк

од Stefanija Kuzmanovska

Бројот на загинати во рускиот ракетен напад врз станбена зграда во украинската област Доњецк се искачи на 24, а спасувачите се уште трагаат по преживеани, соопштија денеска службите за итни случаи.

Се наведува дека девет лица се спасени од урнатините на петкатната зграда во градот Часив Јар во регионот на Доњецк, кој беше погоден доцна во саботата, објави „Ројтерс“.

Се додава дека се спасени шест лица, а се расчистени околу 137 тони урнатини.

Часив Јар се наоѓа на околу 20 километри југоисточно од градот Краматорск, кој се очекува да биде главна цел на руските сили додека напредуваат во западна Украина.

Слични содржини