Украинска телевизија: Разнесена железничка пруга која ја користеле руските сили

од Stefanija Kuzmanovska

Украинската државна телевизија Суспилне јави дека украинските партизани разнеле железничка пруга која ја користеле руските сили во окупираниот дел од јужната област Херсон.

„На левиот брег на реката Дњепар во регионот Херсон, членовите на движењето на отпорот разнесоа пруга што Русите ја користат за да ги префрлаат своите сили“, објави украинската телевизија.

„Војската на Руската Федерација е во непријатна ситуација во врска со полуостровот Крим. Ги држиме под контрола нивните логистички транспортни патишта, дури и со поддршка на движењето на отпорот“, изјави портпаролот на јужната команда на украинската армија.

Овие тврдења не се независно потврдени.

Слични содржини