Украинскиот парламент одлучи дека територијалните отстапки не можат да бидат услов за завршување на војната

од Stefanija Kuzmanovska

Пратениците на Долниот дом на украинскиот Парламент вчера усвоија резолуција, според која се исклучуваат какви било територијални отстапки за прекин на конфликтот во Украина.

„Законот укажува дека секакви територијални отстапки за ставање крај на конфликтот се неприфатливи“, се вели во соопштението на украинскиот парламент објавено на социјалната мрежа Телеграм.

Високиот функционер на НАТО, Стиан Јенсен, пред неколку дена тврдеше дека Украина ќе мора да се согласи да се откаже од дел од територијата што моментално ја контролира Русија, доколку сака да се приклучи на НАТО и да обезбеди мир.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пак, беше внимателен во одговорите на прашањето што ќе треба да направи Украина за да ја прекине војната и рече дека таквата одлука зависи од нив.

За овие шпекулации за време на посетата на Данска се огласи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кој се пошегува дека во замена за мир и влез во НАТО може да го даде само Белгород – руски град.

Слични содржини