Уште еден министер во британската Влада поднесе оставка

од desk4

 Британскиот министер за воени набавки Гуто Беб поднесе оставка откако синоќа гласаше против амандманот на предлог законот за царина, кој го поддржа Владата како дел од плановите за Брегзит.

Беб гласаше против амандманот кој ќе стави крај на британската наплата на царини за ЕУ по излезот на земјата од Унијата, дококу не биде усогласен реципрочен аранжман.

Беб е четврти член на британската Влада кој поднесе оставка откако на 9 јули, во знак на протест поради плановите на премиерката за излез на земјата од ЕУ, оставки поднесоа министерот за надворешни работи Борис Џонсон и министерот за Брегзит Дејвид Дејвис, како и Стив Бејкер, заменик – министер за Брегзит.

Слични содржини