Уште еден пожар избувна во Грција: Во опасност познато летувалиште

од Stefanija Kuzmanovska

Пожар избувна во познатото летувалиште Агиос Николаос на Халкидики.

Пожарот избувнал во површина со сува трева и маслинови дрвја.

На терен излегле 22 пожарникари со 11 возила и еден авион.

Под контрола е ставен пожарот што избувна на просторот меѓу Метаморфозис и Никити, поблиску до друга населба, на Ситонија на Халкидики, јавува „Прототема“.

Во гаснењето на пожарот учествувале 37 пожарникари со 12 возила, меѓу кои и две противпожарни возила од Бугарија, во кои имало десет лица.

Слични содржини