Уставен суд на 19 септември ќе одлучува за уставноста на одлуката за референдум

од desk2

Судиите од Уставниот суд следната недела на 19 септември на закажаната седница со почеток од 9.30 часот ќе ги разгледуваат инцијативите за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување на референдум донесена од Собранието на 30 јули оваа година.

Девет уставни судии треба да одлучат дали ќе поведат постапка за оценка на уставноста на Одлуката за референдум која ја изгласа Собранието, по што доколку биде прифатена, ќе оди на гласање.

Доколку Уставниот суд ги прифати иницијативите, може да ја поништи Одлуката за распишување на референдум веднаш или да донесе времена мерка до одлучување, со што се суспендираат сите поединечни дејствија и акти со цел, а заради спречување на штетните последици по Буџетот и даночните обврзници, правата и слободите и внатрешниот правен поредок на земјата./Мета

Слични содржини