Усвоена листата со имињата на улиците: Се враќаат Мексичка, Ленинова, Железничка

од Nikola Popovski

На вечерашната седница на Советот на Град Скопје е усвоена листата на регистарот на имиња на скопските улици, со што се враќаат старите имиња.

„Заврши седницата на Советот на Град Скопје. Усвоена листата на регистарот на имиња на улиците во Скопје. Мексичка, Ленинова, Железничка, Владимир Комаров … се враќаат во нашето Скопје!!!“, објави доцна синоќа градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Листата опфаќа имиња на истакнати личности од областа на градското, националното и светското културно и историско наследство, поважни настани од македонската и светската историја, имиња дадени според топоними на градови во земјата и регионот и други имиња.

Од вкупно 571 име, 479 се имиња на истакнати личности од кои 79 се имиња на жени, додека пак останатите 92 имиња се имиња на поими кои означуваат поважни настани, топоними и други поими.

Според информации, била донесена одлука една од скопските улици да го носи и името на починатиот новинар Никола Младенов, но сепак се уште не е определено која ќе биде.

 

 

Слични содржини