Утре изменет сообраќајниот режим во Скопје поради вежба на МВР и Амбасадата на САД

од desk4

Министерството за внатрешни работи во соработка со Амбасадата на САД ќе спроведе вежба утре, со почеток од 08:00 часот. Во рамките на оваа вежба, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот.

Затворена за сообраќај ќе биде ул.„Самоилова“ на потегот од ул.„Лазар Личеновски“ (Амбасада на САД) до крстосница со ул.„Прохор Пчински“ и ул.„Самоилова“ и ул.„Лазар Личеноски“ на потегот од зградата на ЈП Водовод до Амбасадата на САД во Скопје. По потреба за сообраќај ќе биде затворен и бул.„Никола Карев“ на потегот од ул.„Македонско-косовска бригада“ до ул.„8-ми Септември“, како и ул.„Македонско-косовска бригада“ на потегот од крстосница со ул.„Џон Кенеди“ до крстосница со бул.„Никола Карев“ во Скопје.

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе бидат издадени од страна на полициските службеници.

Слични содржини