Утре нова одлука за притворот на Беливук

од Stefanija Kuzmanovska

На Вељко Беливук, Марко Миљковиќ и другите членови на нивната организирана криминална група обвинети за убиство, дрога и други кривични дела им истекува притворот во недела на 4 април.

Поради тоа, утре, во согласност со законот и практиката на судот, на последниот работен ден, судијата треба да донесе нова одлука за притворот за претходната постапка на Специјалниот суд во Белград.

Беливук и останатите беа уапсени на 4 февруари, а на 5 март им беше продолжен притворот за уште 30 дена од сите правни причини – опасност од бегство, опасност од криење или уништување докази, за да не се повторат злосторствата за кратко време , како и поради вознемиреноста на јавноста.

Беливук и Миљковиќ се обвинети за организирање криминална група која извршила најтешки злосторства криејќи се зад навивачката група „Принципи“ на Партизан.

Покрај нив, на 4 февруари беа уапсени уште 20-тина членови на групата, а Обвинителството за организиран криминал започна истрага против вкупно 22 лица.

Слични содржини