Вакцината на „Новавакс“ успешно произведува антитела

од Vladimir Zorba

Компанијата „Новавакс“ соопшти дека нејзината експериментална вакцина против Ковид-19 произведувала антитела против новиот коронавирус и се чини дека е безбедна, според првичните податоци од малото клиничко испитување во раната фаза.

Компанијата за биотехнологија со седиште во Мериленд соопшти дека нејзиниот кандидат за вакцинирање, NVKS-CoV2373, произвел повисоко ниво на антитела кај здрави доброволци по две дози од оние што се наоѓаат кај пациенти кои биле подложени на Ковид-19, пренесува Ројтерс.

Додавањето на супстанција наменета за зајакнување на имунолошкиот одговор на организмот го зголеми ефектот на вакцината, велат од компанијата.

Директорот за истражување, Грегори Глен, изјави за Ројтерс дека компанијата наскоро ќе започне многу поголеми клинички испитувања во доцната фаза и потенцијално може да собере доволно податоци за да добие регулаторни одобренија уште во декември.

Слични содржини