Ванеса Брајант бара најстроги казни за полицајците кои споделија сликите од мртвиот Коби

Сопругата на починатиот кошаркар Коби Брајант, Ванеса Брајант, побара најстроги казни за полицајците од Лос Анџелес кои споделија фотографии од местото на несреќата во која загинаа нејзиниот сопруг и ќерка, како и седуммина други.

Лос Анџелес Тајмс минатата недела објави вест како од извор поврзан со овие случаи видел една од фотографиите од местото на несреќата на мобилниот на полицаецот кој немал никаква врска со истрагата на оваа несреќа.

Споделените фотографии на кои се наоѓаат телата на загинатите, Ванеса ги нарекла „непростливи и очајни“.

Според наводите на нејзиниот адвокат Гари Роб, Ванеса лично го посетила шерифот на денот на несреќата и „побарала местото на падот на хиликоптерот да се прогласи како зона над која е забрането да се лета и да се заштити од фотографи“.

https://www.instagram.com/p/B9MpNwMDTdg/?utm_source=ig_embed

„Тоа за неа беше од најголема важност за да се заштити достоинството на жртвите и нивните семејства. Во тоа, шерифот Алекс Виланеву, не увери дека ќе ги преземе сите мерки за да заштити приватноста на семејството,а според нашите сознанија, тоа го вети и исполни“, се вели во наводот на адвокатот.

Адвокатот исто така наведе дека споделувањето на овие фотографии се смета за „кршење на човечкото достоинство, почит кон жртвите и приватноста на жртвите и нивите семејства“.

Тие побарале „најстрога можна казна“ за личностите кои ги споделиле фотографиите и објава на нивниот идентитет, со цел да се спречи понатамошно споделување на фотографиите.

Наведено е дека Ванеса Брајант е „апсолутно скршена“ поради ситуацијата и е благодарна на личноста која ги пријавила фотографиите.

LA Times наведува дека заега не е откриено колку се прошириле фотографиите, ниту кој учествувал во нивното ширење. Нејасно е дали службениците сами ги направиле фотографиите или ги добиле од некој друг. Тие пишуваат дека шерифот им наредил на сите полицајци да ги избришат сликите од местото на несреќата.

Слични содржини